СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Безос продал акции вредни 3,4 милијарди долари пред да избие пандемијата

Милиони луѓе низ светот останаа без работа, а штетите од пандемијата на коронавирусот се проценуваат на неколку илјади милијарди долари.

Но, не се сите “губитници“ во оваа ситуација. На пример, најбогатиот човек на светот сега е побогат за 5,5 милијарди долари од почетокот на годината. Неговото богатство во хартии од вредност е зголемено за 3,9 милијарди долари на 120 милијарди долари, што е доволно за да купи 188.000 златни прачки, пишува The Guardian.

Педесет и шестгодишниот Безос се спаси од голема загуба, бидејќи продаде свои акции во Аmazon во февруари, пред да избие глобалната пандемија од коронавирусот.

Регулаторните тела покажуваат дека Безос продал акции од Amazon во висина од 3,4 милијарди долари во првата недела на февруари, пред да почнат драстично да “паѓаат“ берзите.

Поврзани вести

Македонија е 59-та земја во светот по извоз на безалкохолни пијалаци

msp-admin

„Јунајтед Груп“: „Теленор“ и „Телеком“ градат картел за уништување на слободните медиуми во Србија

Влатко Зорба

Белгија има стратешка улога во производството на вакцини

Влатко Зорба