Биткоинот го продолжи трендот на раст на почетокот на новата недела, па ја надмина неверојатната вредност од дури 28.000 долари.
Дигиталната валута вредеше повеќе од 20.000 долари само пред единаесет дена, а сега е поблиску од кога и да е до 30.000.
Извонредниот раст на вредноста на биткоинот е резултат на инвестирање во оваа и други крипто-валути за време на пандемијата на коронавирус и се очекува овој тренд да продолжи и во 2021 година. Фактот дека американскиот долар е сериозно слаб, го прави биткоинот исклучително привлечна валута.
Тековната капитализација на биткоинот е околу 500 милијарди долари. Истражувачите на криптовалути сметаат дека пазарната капитализација на биткоинот може да достигне милијарда долари во текот на 2021 година, ако инвеститорите сериозно ги сфатат овие пари.
Според Ентони Скарамучи, основач на „Skybridge Capital“, биткоинот се соочува со своите најдобри денови, но секогаш мора да има претпазливост поради нови нестабилности, со оглед на историјата на оваа криптовалута чија вредност постојано паѓа.