СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Добивката на саудиски „Арамко“ се преполови во годината на пандемијата

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ во својот годишен деловен извештај за 2020 година објави дека забележал пад на профитот од 44 проценти, на 49 милијарди долари, во споредба со профитот од 88,19 милијарди долари претходната година.

Во исто време, најголемата државна компанија во Саудиска Арабија објави дека ја задржа сумата за исплата на дивиденда на непроменето ниво од 75 милијарди долари.

Извршниот директор на „Арамко“, Амин Насер, ги опиша последните 12 месеци како една од „најпредизвикувачките години“ во поновата историја, пренесе CNBC.

Компанијата го припишува падот на профитабилноста на пониските цени на сурова нафта и намалената продажба, како и на послабите маржи во секторот за рафинирање и производство на петрохемиски производи.

Минатогодишниот пад на профитот беше нешто поголем отколку што очекуваа аналитичарите, кои предвидуваа дека ќе изнесува 48,1 милијарди долари, но сепак претставува најдобар резултат во споредба со кое било јавно претпријатие на глобално ниво.

„Во една од најпредизвикувачките години во поновата историја, „Арамко“ го потврди единствениот концепт на вредност преку значителна финансиска и оперативна агилност“, рече Насер во изјавата.

Поврзани вести

Производител на душеци им нуди на паровите 3.000 долари за да имаат секс

msp-admin

Арно го надмина Маск на листата на најбогати луѓе во светот

Ангеловска: И покрај Ковид-19 кризата, исплатен највисок поврат на ДДВ кон фирмите

msp-admin