СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку пандемијата ја чини Грција?

Атинскиот весник „Ефимерида тон синтактон“, на основа на голем број извори, ги утврди основните износи на загуби во Грција предизвикани од пандемијата на коронавирус, со оцена дека вработените претрпеле најголем удар.

Во Грција, 992.000 или 46 отсто од вработените во приватниот сектор биле на принуден одмор во одреден момент за време на епидемијата, регистрирано е во заедничкиот државен фонд за социјално осигурување ЕФКА.

За време на епидемијата, имало околу пет милиони суспензии на договори за вработување месечно, што ја чинеше државата 2,7 милијарди евра – колку што доби од програмата за помош на ЕУ за невработените SURE.

Просечната компензација за невработените работници во Грција е 474 евра месечно. Сепак, статистичкиот просек на основните трошоци за живот (кирија, струја, вода, намирници) во Атина каде што е 40 отсто од населението на Грција, е 890 евра по лице.

Просечната месечна загуба на приходите од плата за секој грчки вработен кој поради епидемијата беше принуден да престане да работи, е 27-35 отсто во однос на просечната нето плата во 2019 година.

Според истражувањето на агенцијата АЛКО за најголемиот синдикат ГСЕЕ, половина од вработените во приватниот сектор изгубиле три просечни месечни нето плати, или околу 2.200 евра за една година, до март годинава.

Вкупниот долг во Грција, и јавен и приватен, се зголеми на 343 отсто од БДП по една година пандемија. Грција е трета во светот, по Јапонија (433 отсто) и Канада (352 отсто).

Јавниот долг на Грција достигна 374 милијарди евра или 208 отсто од БДП.

Грчките компании загубија 41,6 милијарди евра од прометот во 2020 година, а според претходните индикации, тие ќе изгубат уште шест милијарди во првиот квартал од 2021 година.

Претставници на мали и средни претпријатија предупредуваат на опасноста 200.000 компании да мораат да стават катанец под товарот на долговите кон банките и државата.

Во грчката државна служба за вработување ОАЕД во декември имало 1.181.296 невработени, што е втора најголема бројка од 2010 година.

Сепак, државната статистичка служба ЕЛСТАТ проценува дека само 726.000 луѓе се невработени и дека стапката на невработеност е 15,8 отсто, пишува грчкиот весник.

Поврзани вести

ЕУ одобри помош од 4 милијарди евра за „Ер Франс“

Влатко Зорба

Голдман Сакс со препорака: Не инвестирајте во биткоин

msp-admin

„Toyota“ го презема оделот за автономни автомобили на „Lyft“

Влатко Зорба