Објавата на американскиот претприемач Елон Маск дека сега биткоинот може да се користи за купување електричен автомобил „Тесла“ е загатка за сопствениците на криптовалутата, пишува „Блумберг“.
Што би се случило доколку цената на биткоинот се зголеми двојно во рок од една година откако потрошувачот користечтокени за да купи автомобил? Или обратно – што претстои во случај на колапс на пазарот сличен на оној во 2018 година?
Застапниците на биткоинот обично препорачуваат да се држат до валутата без оглед што ќе се случи, главно поради неговиот потенцијал да стане средство за плаќање во иднина. Заборавете на доларот, фунтата или еврото, посочуваат тие.
Можноста за купување електрични автомобили на Тесла со биткоин може е мал чекор кон оваа идеја, но светот е сè уште далеку од напуштање на доларот како главна резервна валута.
Биткоинот, во меѓувреме, се повеќе е прифатен од финансиските институции како посебна класа на средства со која може да се тргува. Иако можеби не очекуваат криптовалутата да ги замени фиат-парите, аналитичарите предвидуваат дека нејзината цена ќе се искачи над сегашното ниво од околу 51 илјади долари.
Претходните зголемувања на цените ги оставија луѓето незадоволни од нивните одлуки да користат биткоин за набавки. Минатиот месец, милијардерот Чамат Палихапитија на Твитер напиша дека жали за својата одлука да користи биткоини за да плати имот од 1,6 милиони долари на езерото Тахо во 2014 година. Тој процени дека цената на токените до февруари ќе била 128 милиони долари.
Со оглед на растечката полемика, „Блумберг“ ги прашува експертите за нивните ставови за купување на „Тесла“ со биткоини. Еве што мислат тие:
„За“ плаќања со биткоин
„Наједноставната причина за купување е ако сакате да излезете од вашите позиции во биткоин“, рече Ден Херон, финансиски советник на „Elemental Wealth Advisors“.
„Може да биде добро време да купувате ако цената на биткоинот се намали“, рече тој.
Повлекувањето од пазарот можеби не звучи привлечно за поддржувачите на биткоин, кои советуваат токените да се чуваат по секоја цена. Но, додека валутата растеше на почетокот на оваа година, резултатите од минатото, се разбира, не се показател за иднината.
„Цената на биткоинот е многу непостојана“, рече Франсис Копола, автор на „The Case for People’s Quantitative Easing“. „Малку се крева, малку се паѓа и има хаос околу него“, рече тој.
Според Херон, овие движења на цените може да ја направат употребата на биткоин за купување електричен автомобил попривлечна за некои потрошувачи.
„Можеби криптовалутата за некои станува премногу непостојано средство, што може да биде идеална можност да се купи моделот „Тесла“ што отсекогаш го посакувале“, рече тој.
„Против“ плаќањата со биткоин
Цената на биткоинот е непостојана, но не може да се негира трендот на раст во последните неколку месеци. Во меѓувреме, автомобилите – дури и оние на „Тесла“ – имаат тенденција брзо да губат во цена.
„Чувајте си го биткоинот“, советува Елеса Дадијани, брокер за криптовалути.
Според неа, објавата на Маск сигнализира дека тој може да има долгорочна верба во биткоинот, што е дури и поголема од она на неговата сопствена компанија, чии акции се познати по нивните многу високи цени.
„Зошто би се одрекол од нешто вредно за сметка на нешто што има помала вредност?“, прашува таа.
* Материјалот не е препорака за донесување одлука за инвестиција.