20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

BMW ќе прави половина милион електрични мотори годишно

Баварскиот производител ќе го прошири капацитетот на најголемата фабрика во Европа, така што во иднина може да направи доволен број погонски единици за своите електрични автомобили.

BMW започна со надградба на својата фабрика во Динголфинг, Германија, каде што се прават електрични мотори за i3 од 2013 година.

Кога експанзијата на капацитетот ќе заврши во 2022 година, во фабриката секоја година ќе се градат 500.000 електрични погонски системи за електрични возила BMW.

BMW e-drive погонскиот систем покрај елекромотор вклучува и систем за пренос и контролна електроника, а новата генерација на овој систем ќе биде инсталирана за прв пат во BMW iX3, кој ќе излезе во продажба ова лето во Кина.

Патем, фабриката во која се прават e-drive погонски системи за погон ќе се прошири дури десет пати, од сегашните 8.000, на 80.000 квадратни метри.

Бројот на вработени ќе се зголеми и на 2.000.

Поврзани вести

Работата од дома е помалку стресна и попродуктивна

msp-admin

Бугарски фирми во Македонија со профит од 351 милион евра

msp-admin

„Тесла“ на автопилот се удри директно во превртен камион (ВИДЕО)

msp-admin