СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку би заработиле денес, доколку се обложевте на акции на Tesla пред 10 години?

Деценијата беше зачудувачка за инвеститорите во Tesla – производителот на електрични автомобили стана креатор на милионери, покажуваат податоците на Yahoo Finance.

Компанијата на претприемачот Елон Маск дебитираше на берзата на 29 јуни 2010 година и оттогаш цената на нејзините акции се зголеми за 18.318% на ново рекордно ниво од нешто повеќе од 800 американски долари, достигнато во петокот.

Доколку некој инвеститор ставил 10.000 долари на Tesla во 2010 година, неговиот удел денес ќе бил 1,8 милиони долари. Ова значи над 63% просечен годишен принос. Инвестираните 10.000 долари во S&P 500 во истиот период се зголемија за само 267% до 36.732 $. Ова значи просечен годишен принос од само 13%.

Тешко е да се разбере бумот на акциите на Tesla.

Во текот на изминатите 10 години, пазарната капитализација на компанијата се зголеми за 832 милијарди долари на 834 милијарди долари. Компанијата е веќе петта по големина компанија во индексот S&P 500, надминувајќи го Facebook.

Со сегашната капитализација, Tesla чини околу 285% повеќе од Toyota, што го прави најскапиот производител на автомобили во светот.

Tesla чини околу десет пати повеќе од вкупната проценка на General Motors и Ford.

Поврзани вести

Во периодот од 2000 до 2017 година по основ туризам се загубени околу 3 милијарди долари

msp-admin

Светскиот економски форум одложен за август

Влатко Зорба

Волстрит падна поради најавата за зголемување на даноците, паднаа и повеќето европски берзи

Влатко Зорба