СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Боинг“ ги зголемува отпуштањата, затоа што пандемијата ги намалува патувањата

„Боинг“ ќе го намали бројот на работни места повеќе отколку што објави, бидејќи продолжува да губи пари за време на пандемијата што ги намали можностите за патување и ја задуши побарувачката за нови авиони.

Компанијата соопшти дека очекува да ја намали својата работна сила на околу 130.000 луѓе до крајот на следната година, што ќе биде за 30.000 помалку отколку што беше претходно оваа година. Пред само три месеци беше објавено кратење на работните места на 19 000 лица.

Компанијата со седиште во Чикаго, која има погони за склопување авиони во близина на Сиетл и Јужна Каролина, планира да ја намали својата работна сила така што нема да вработи никој наместо пензионери и да отпушти уште 7.000 следната година со отпремнина.

„Боинг“ за третиот квартал денес објави загуба од 449 милиони долари, што е за 1,17 милијарди долари помалку отколку што заработи во истиот период минатата година. Приходите паднале дури 29 проценти на 14,14 милијарди долари.

Приходите на „Боинг“ се намалуваат откако неговиот врвен модел „737 Макс“ е приземјен во март 2019 година поради две кобни несреќи, а потоа пандемијата драстично го сруши патувањето со авион, а тие авиокомпании имаат повеќе авиони отколку што им требаат.

Во првите девет месеци од годината „Боинг“ испорача само 98 комерцијални патнички авиони, а во 2019 година 301.

Поврзани вести

Коронавирусот ги фрли пиварите на колена

Влатко Зорба

Бафет: Купувајте злато, не Биткоин

Влатко Зорба

Лашет: „Северен тек 2“ не треба да се откажува поради Навални

Влатко Зорба