СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Британија подготви уште 5 милијарди фунти помош за компаниите

Британскиот министер за финансии Риши Сунак ќе најави дополнителни пет милијарди фунти (околу 4,3 милијарди евра) за да им помогне на компаниите кои биле тешко погодени од „локдаунот“, во извештајот за буџетот следната недела, соопшти британската влада.

Продавници, барови, клубови, хотели, ресторани, спортски сали и фризерски салони би биле меѓу скоро 700.000 компании кои имаат право на нова директна готовина до 18.000 фунти, пренесе Ројтерс.

„Сега има светло на крајот од тунелот и овие пет милијарди фунти дополнителни грантови ќе обезбедат нашите главни улици да ги отворат вратите со оптимизам“, рече Сунак.

Локалните власти во Англија, исто така, ќе добијат дополнителни 425 милиони фунти за дистрибуција на грантови на компании кои не ги исполнуваат условите за повторно стартување, додека администрациите во Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе добијат 794 милиони фунти дополнително финансирање.

Владата веќе потроши над 280 милијарди фунти за времена корона-кризата и за намалување на даноците, со што задолжувањето на Велика Британија е на највисоко ниво од Втората светска војна, според Ројтерс.

Поврзани вести

Недостатокот на чипови може да влијае и на производството во Порше

Влатко Зорба

Четвртиот сет на мерки до крајот на неделава, најави Бектеши

Берта Китинска

Арапите влегуваат на Јадранот на голема врата

Влатко Зорба