На крајот на ноември минатата година, 163.851 лице имало работа во Црна Гора, што е за 39.272 вработени помалку отколку во истиот месец во 2019 година, според последниот месечен статистички преглед на Заводот за статистика.
Извештајот прецизира дека бројот на регистрирани невработени се зголемил за 9.129 лица на 47.053 во споредба со ноември 2019 година, кога имало 37.924 лица.
Податоците за бројот на невработени лица се преземени од Бирото за вработување и вклучуваат само лица регистрирани во оваа институција, пишува весникот Дан.