„Пристапот до капитал е еден од најголемите предизвици за амбициозните компании. Немањето доволно финансиски средства ги забавува процесите, го забавува времето на лансирање на нови продукти, вработувањето на потребниот персонал, го продолжува времето на тестирање и дополнително ги зголемува трошоците“, вели во интервју за Бизнис Инфо, Драган Давитков од PwC.
„Во меѓувреме, потребите на пазарот постојано се менуваат, технологијата се унапредува и сето тоа претставува дополнителен предизвик за да се лансира успешен готов продукт. Живееме во време во кое мора да се реагира брзо и веднаш и затоа клучен момент за успех е брзата адаптација. Агилноста е нешто што многу често се спомнува како модел, но јас би рекол дека е потребно и многу повеќе од само агилност, а тоа е релевантно знаење и квалитетни информации. Пристапот до знаење и обезбедување на know – how е клучно и затоа е пожелно при водење на бизнисот да се има поддршка од експерти во полето во кое работиме“, посочува тој.
Целото интервју на следниот линк!