СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„ЏејПи Морган“ призна дека погрешно го проценил проектот за Европската Суперлига

Американската банка „ЏејПи Морган“ денес призна дека „очигледно погрешно го проценила“ фудбалскиот проект на Европската Суперлига, кој сакаше да го финансира, но кој брзо се претвори во фијаско.

„Очигледно е дека лошо оценивме како оваа операција ќе се сфати во светот на фудбалот во поширока смисла и за влијанието што би го имала во иднина. Од тоа ќе научиме лекции“, рече портпаролот на банката, пренесува „Бета“.

10 од 12-те основачки тимови ја напуштија Суперлигата, а во лигата останаа само два шпански тима, Барселона и Реал Мадрид.

Сите шест англиски клубови, Манчестер Сити, Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем ја напуштија лигата во вторникот, а ден подоцна истото го сторија и три италијански клуба, Интер, Милан и Јувентус, како и шпански Атлетико Мадрид.

Претседателот на Суперлигата, Флорентино Перез изјави дека идејата за лигата „не е мртва, туку е во состојба на подготвеност“.

Поврзани вести

Германија ќе дозволи употреба на 5G технологија на Huawei во замена за гаранции од Кинезите

msp-admin

„Airbnb“ за патувањата во 2021 година: На што можат да се надеваат туристите?

Влатко Зорба

Брендот кој беше симбол на Словенија продаден по цена на гарсоњера

Влатко Зорба