СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Директорите заработуваат 320 пати пoвеќе од просечниот работник

Платите на работниците во Соединетите Држави се зголемени за 13,7 % од 1978 година, а платите на извршните директори за значителни 1.167 %, така што директорите заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува Fast Company.

Во извештајот на Институтот за економска политика се утврдува дека просечната плата на директорот во некои од најдобрите американски компании е 21,3 милиони долари, и дека типичен работник во една од водечките компании сега заработува 67.000 долари годишно.

Ваквите “претерани“ плати на генералните директори се претежно проблем затоа што придонесуваат за растечката нееднаквост меѓу раководителите и просечните работници.

Соодносот на платите на директорите на работниците во 1965 година беше 21 на 1, потоа во 1989 година се искачи на 61 на 1, а во 2019 година беше 320 на 1, што јасно покажува дека нееднаквоста во платите постојано се зголемува во последните 50 години.

Надоместокот на извршни директори сега зависи многу од акциите и наградите поврзани со цената на акциите на компанијата, така што заработката на директорите следеше со децении раст на пазарот.

Решението за овој проблем е данок на богатство, се вели во извештајот. Тоа вклучува повисоки стапки на данок на добивка, корпоративни даноци за компании кои имаат поголеми нееднаквости во платите помеѓу директорите и работниците и т.н. луксузни даноци.

Покрај оданочувањето, владата би можела да донесе закони со кои ќе се промени структурата на корпоративното управување, се вели во извештајот на Институтот за економска политика

Поврзани вести

Акциите на Фејсбук забележаа рекорден скок

Влатко Зорба

PayPal најверојатно нема да инвестира во биткоини

Влатко Зорба

„Тесла“ на чекор од отворање ланец на ресторани

Stefanija Kuzmanovska