СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Се гради најдолгиот подводен тунел: Од Германија во Данска за седум минути

Пo повеќе од една деценија планирање, почна работата на најдолгиот подводен тунел во светот.

Тунелот Fehmarnbelt, којшто ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта до 40 метри под Балтичкото Море, а се очекува да биде отворен во 2029 година, пишува CNN.

Тунелот долг 18 километри е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, со инвестирани над седум милијарди евра.

Тунелот ќе поминува низ појасот Фемарн, теснина помеѓу германскиот остров со истото име и данскиот остров Лоланд и е дизајниран како алтернатива на сегашната траект-линија, која секоја година превезува милиони патници. Патувањето со траектот трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, ќе бидат потребни седум минути со воз и 10 минути со автомобил за да се премине од една во друга земја.

Тунелот, исто така, ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Ќе се состои од два автопата со по две ленти, кои ќе бидат одделени со службен премин и две електрифицирани пруги.

“Денес, ако одите со воз од Копенхаген до Хамбург, ви требаат околу четири и пол часа. По завршувањето на тунелот, истото патување ќе трае два и пол часа. Многумина користат авион за патување меѓу двата града, но во иднина ќе биде поисплатливо само да се возите“, рече Јенс Оле Каслунд, технички директор во данската државна компанија Femern А/S, која е задолжена за овој голем проект.

Поврзани вести

„Хитроу“ ќе наметне дополнителни трошоци на патниците

Влатко Зорба

Британски The Economist отпушта 1.300 работници

msp-admin

Стапката на невработеност во САД падна на 13,3 проценти во мај

msp-admin