СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

До 10 јуни: Во Скопје згаснале 35,5% од вкупниот број на компании

Вкупно 35,5% од вкупниот број на згаснати компании од почетокот на годината до 10-ти овој месец, се од Скопје. Податоците покажуваат дека од вкупниот број на згаснати компании од почетокот на годинава (4.497) 35,5% или 1.598 се од Скопје. Втор град во којшто има најмногу згаснати компании во земјава е Тетово. Во градот под Шара, од почетокот на годината до вчера, се затворени 239 компании, додека на трето место се најде Охрид со 223 згаснати компании.

Анализирано по дејности, за околу шест месеци од оваа година, најмногу згаснати компании има во дејноста трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила – 1.550. Вкупно 568 згаснати компании, од почетокот на годината до 10-ти јуни, му припаѓаа на секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а 510 се од преработувачката индустрија.

Според тоа, од каде потекнува сопственикот на компанијата што згаснала, состојбата заклучно 10-ти овој месец е следна: Македонија (3.388), Турција (115) и Србија (34).

Во текот на минатата година, згаснаа вкупно 5.447 компании во земјава, а од нив најголемиот дел или 2.252 се од Скопје.

И лани втор град со најмногу згаснати компании беше Тетово (246), додека на трето место беше, исто така, Охрид со 224 згаснати компании во 2019 година.

Дејностите во коишто има најмногу згаснати компании во текот на минатата година се слични, како и во анализираниот период оваа година. Најголем дел од згаснатите и лани беа од дејноста трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила – 1.866.

Анализирано по потекло на сопственикот, и лани најголем дел од згаснатите компании се на сопственици од земјава (3.883). Зад нив се сопствениците на компании во земјава со потекло од Турција (133) и Србија (48).

Поврзани вести

АКО ЗНАЕШ, РАБОТАТА Е ТВОЈА: Омилената загатка која Елон Маск ја поставува на интервју за работа

Влатко Зорба

Македонски пошти – неуспешна приказна од која сите мијат раце

msp-admin

Тим Кук навести дека Apple влегува во проект за автономни автомобили

Влатко Зорба