СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Дојче банка“ го „откачи“ Трамп

„Дојче банка“ во иднина нема да работи со американскиот претседател во заминување Доналд Трамп или неговите компании поради нападот на неговите приврзаници врз американскиот Капитол Хил, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор запознат со плановите на банката.

Според извештајот на Државната канцеларија за етика на САД од 31 јули минатата година и банкарски извори, „Дојче банка“ е најголемиот доверител на Трамп со побарувања од околу 340 милиони долари заеми доделени на „организацијата Трамп“, чадорската група на претседателот во моментов предводена од неговите двајца синови, пишува весникот.

Потегот на „Дојче банка“ следи откако „Сигничр банка“, преку која Трамп, според извештајот на Канцеларијата за етика, плаќа и има сметки за работење на пазарот на пари, го повика претседателот да си даде оставка, се вели во текстот.

– Оставката на претседателот е во најдобар интерес на нашата земја и американскиот народ, објави „Сигничр банка“ на својата веб-страница.

Портпарол на „Дојче банка“ одби денес да коментира на написот во „Њујорк Тајмс“.

„Организацијата Трамп“ не одговори веднаш на е-поштата за да даде коментар за пишувањето на весникот, а прес-службата во Белата куќа не одговараше на телефонски повици, додава Ројтерс.

Кристијана Рајли, шеф на деловната активност на „Дојче банка“ во САД, го осуди насилството на приврзаниците на Трамп на 6 јануари во Вашингтон во објава на „Линкедин“ минатата недела.

Поврзани вести

Ангеловска: Се уште е рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката минимална плата

msp-admin

Корисниците масовно го бришат WhatsApp, компанијата ги одлага најавените измени

Влатко Зорба

Кинески аеродром стана НАЈПРОМЕТЕН во светот за време на пандемијата

Влатко Зорба