Големата прашина што се крена на почетокот на годината околу новите правила за приватност воведени од WhatsApp, поради што огромен број на корисници ја напуштија апликацијата, како малку да слегна во последните неколку недели.
Сепак, меѓу оние кои продолжија да ја користат апликацијата, има многу неодлучни корисници, кои сè уште не се сигурни дали можат да се префрлат на Viber, Telegram или Signal или сепак да останат верни на апликацијата во сопственост на Facebook.
За сите нив важи рокот даден од WhatsApp за прифаќање на новите правила. Ако сакате да продолжите да користите WhatsApp и по 15 мај, ќе мора да ги прифатите, но во тој случај ве советуваме да обрнете внимание на степенот до кој тие ја нарушуваат вашата приватност.
Новите правила се воведени за купување преку Facebook, па доколку одлучите да ја користите таа социјална мрежа за шопинг и да користите WhatsApp, новите правила им овозможуваат на операторите на онлајн продавниците да ве контактираат и да комуницираат со вас преку WhatsApp.
Пораките што корисниците ги разменуваат со своите контакти никогаш не влегуваат во рацете на WhatsApp, пишува страницата. Внатрешната статистика на апликацијата што ги брои минути на употреба, идентификацијата на уредот од кога се користи, како и контактите со кои комуницирате, не се спомнати тука. И покрај ова, WhatsApp никогаш нема да ги чита вашите пораки.
Проблемот, сепак, се појавува кога станува збор за комуникација со онлајн продавници (т.н. деловни разговори). Иако Facebook нема да ги чита вашите приватни разговори, онлајн продавниците со кои комуницирате можат да го сторат тоа, што значи дека тие можат да ја користат вашата преписка за маркетинг цели, вклучувајќи го и самиот Facebook.
Сепак, употребата на деловни разговори е опционална, што значи дека не мора да го прифаќате тоа, што донекаде го елиминира ризикот од кражба на податоци и можното следење на вашите активности.
Оние што не ги прифаќаат новите правила нема да можат да испраќаат или примаат пораки по 15 мај, но ќе можат да остваруваат повици и да добиваат известувања. Ќе имате точно 120 дена за такво користење, пред WhatsApp целосно да ја деактивира сметката и да ја избрише.