СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доларот скока, еврото паѓа

Доларот денес се искачи на највисоко во изминатава година во однос на јапонскиот јен поради зголемувањето на приносот на американските должнички хартии од вредност, предизвикани од загриженоста дека забрзувањето на вакцинацијата и огромниот пакет за фискална поддршка ќе ја поттикнат инфлацијата на САД.

На зајакнувањето на американската валута придонесе и нервозата на пазарните актери во врска со можните последици од колапсот на хеџ фондот „Аркегос Капитал“, која сепак попушти на почетокот на денот на тргувањето на азиските берзи.

Доларот скокна на рекордни 110 јени во Азија, ниво кое не е забележано од март минатата година, пренесе Ројтерс.

„Зелената банкнота“ е на пат да го забележи најдобриот месец од крајот на 2016 година, бидејќи крајот на фискалната година во Јапонија овој месец веројатно ќе влијае на растот на побарувачката за доларот затоа што компаниите треба да ги средат деловните книги за нивните финансиски обврски и побарувања.

Приносите на референтните 10-годишни обврзници на САД се зголемија за 1,7450 проценти во Азија, приближувајќи се на највисокиот 14-месечен период од 1,7540 проценти достигнат на почетокот на овој месец. Приносот на петгодишните државни записи се искачи на 0,9170 проценти за прв пат од март 2020 година.

Поголемите приноси ја прават валутата поатрактивна за инвестирање.

Еврото се приближи на најниското ниво во последните четири и пол месеци во однос на американската валута, 1,1763 долари, со што овој месец бележи најголем пад од средината на 2019 година.

Индексот на доларот, кој го следи движењето на САД во однос на кошницата ривалски валути, осцилираше околу највисокиот период од четири и пол месеци, од 92.964 поени забележани во понеделникот.

Поврзани вести

Vodafone и Qualcomm во пакт да ja поттикнат примената на Open RAN

Stefanija Kuzmanovska

Амазон порача повеќе од 700 камиони кои работат на ПРИРОДЕН ГАС

Влатко Зорба

Мајкрософт ја продолжи работата од дома најрано до јули 2021 година

msp-admin