Доларот се консолидираше денес по загубите евидентирани во последната недела, што го потисна на најниско ниво во последниве две и пол години, благодарение на апетитот на голем број трговци кои инвестираат на кратки позиции за да остварат лесна заработка
Во исто време, биткоинот се тргуваше на ново максимално ниво од околу 23.000 долари, откако синоќа го достигна тој историски рекорд, пренесува Ројтерс.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на САД во однос на корпата ривалски валути, закрепна за 0,2 проценти, на нешто помалку од 90 поени, но на неделно ниво забележа пад од еден процент. Во четвртокот, тој потона на најниско ниво по повеќе од две години, на 89.723 поени.
Оваа недела прилагодување на политиките на централните банки на САД, Јапонија, Велика Британија, Швајцарија и Норвешка, според аналитичарите, не треба да има поголемо влијание врз тековните трендови на девизните пазари и на долгорочното слабеење на американскиот долар.
„Најавите на Федералните резерви (ФЕД) од оваа недела секако ги зајакнуваат изгледите за олабавување на монетарните услови и поповолен ефект на ризичните средства на берзите и ќе го задржат американскиот долар на „патот кон слабеење“, велат аналитичарите од јапонската банка МУФГ во писмото до клиентите.
Јапонската банка денес објави продолжување на кредитната програма за корона за уште шест месеци и неочекуван преглед на нејзината политика за да се разгледа „натамошно ефективно и суштинско монетарно олеснување“ до март 2021 година.
Доларот порасна во однос на јапонскиот јен за дури половина процент, на 103.595 јени, но сепак е 0,5 проценти послаб во однос на јапонската валута отколку минатата недела.
Фунтата изгуби дел од добивката во однос на доларот и еврото, бидејќи продолжувањето на преговорите за трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија е на работ на колапс.
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние изјави денеска дека остануваат „само неколку часа“ да преговараат за трговски договор со Велика Британија, а патот до кој било договор е „многу тесен“.