СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Донирани леб, брашно и колачи на еднородителски семејства

Леб, брашно и колачи добија еднородителските семејства кои се членови на Здружението „Една може“. Станува збор за донација од компанијата „Жито Лукс“.

Претседателот на Здружението, Дороти Пачкова ја изрази својата благодарност и верување дека оваа донација, покрај значајната поддршка за семејствата, ќе помогне и за зголемување на свесноста и препознавањето на потешкотиите со кои се соочуваат самохраните родители, особено во услови на пандемија.

– Сите знаеме дека е тешко да се растат и воспитуваат деца, а уште потешко е кога станува збор за еднородителско семејство. Особено сега, во услови на пандемија, пречките и проблемите со кои се соочуваат нашите членови се поголеми и донациите и поддршката, како оваа се и тоа како потребни и добредојдени. Оваа донација зборува многу за способноста на една општествено одговорна компанија да препознае каде навистина е потребна поддршка, изјави Пачкова.

Поврзани вести

Apple испорачал 30,7 милиони часовници во 2019 година

msp-admin

Предлог енергетски биланс за 2021-ва: Потребите од енергија ќе бидат за 2 % пониски во однос на 2020-та

msp-admin

Ryanair со загуба од околу милијарда евра

Влатко Зорба