СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Економисти: Поради затворањето, Германија ќе изгуби над 19 милијарди евра

Затворањето во Германија, кое стапува на сила на 2 ноември, ќе донесе загуби на економијата од над 19 милијарди евра, според германскиот институт за економски истражувања во Берлин.

Таканареченото делумно затворање најмногу ќе им наштети на деловните субјекти кои работат во бизнисот со храна и хотели – 5,8 милијарди евра. Ова одговара на намалување на економските показатели за кварталот за 55%, пишува „Велт ам Зонтаг“.

Компаниите активни во спортот, културата и забавата ќе изгубат 2,1 милијарди евра, а комерцијалните претпријатија 1,3 милијарди евра, велат економистите. Загубите за индустриското производство во Германија се очекува да достигнат 5,2 милијарди евра.

Според предвидувањата, најсериозно ќе бидат погодени сопствениците на киносали и компании кои работат во областа на логистиката.

Друг негативен ефект од затворањето ќе има врз невработеноста: Околу 100.000 луѓе се очекува да останат без работа во четвртиот квартал. Во исто време, бројот на вработени со скратено работно време ќе се зголеми за 400.000 и нивниот вкупен број ќе достигне 3,2 милиони.

Институтот за економија во Келн ги даде и своите предвидувања за влијанието што ќе го има делумното затворање врз германската економија. Оттаму проценуваат дека до крајот на годината околу 591 000 луѓе може да останат без работа. Во 2021 година се очекува да се приклучат уште 15.000 луѓе во редовите на невработените, „под услов заклучувањето да заврши во одреденото време“.

Доколку ограничувањата бидат укинати на крајот на ноември, според прелиминарните планови, загубите на Германија ќе изнесуваат околу 1% од БДП. Меѓутоа, ако затворањето продолжи, големината на економијата може да се намали за 2%, а во такво сценарио бројот на невработени може да се зголеми за уште 180.000 луѓе.

Поврзани вести

„Зара“ ги измами работниците: Планот за затворање продавници тргна наопаку, вработените сами си даваат откази

Влатко Зорба

Нафтата падна на најниско ниво во последнава година, како ќе реагира ОПЕК+?

msp-admin

„Google“ е подготвен да им исплати на медиумите милијарда долари за содржина

msp-admin