СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Епл ги повика вработените да работат од дома

Епл ги повика вработените во своето седиште во Силиконската долина да работат од дома поради „претпазливост“, за да се избегни ширење на коронавирусот.

Официјални претставници на округот Санта Клара, каде се наоѓа кампусот „Епл Парк“ со 12.000 вработени, претходно ги повикаа големите компании да размислат за да им дозволат на вработените да работат од дома или на други начини да го ограничат блискиот контакт.

Во оваа област до вчера беа потврдени 20 случаи на заразени со коронавирус, соопштија официјалните лица.

Епл, исто така, побара од вработените во канцеларијата во Сиетл да работат од дома. Но продавниците во Санта Клара остануваат отворени, пренесе „Ројтерс“.

Компанијата соопшти во февруари дека ширењето на вирусот во Кина нема да донесе предвиден профит за првиот квартал и дека производството на ајфони ќе се намали.

Поврзани вести

Избрани 16 решенија од над 500 пријави на јавниот повик КРЕАТОН за справување со Ковид-19

msp-admin

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

msp-admin

Прв комерцијален лет на Боинг 737 МАКС во последните 20 месеци

msp-admin