СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Растот на БДП е добар сигнал дека економијата е на добар пат

Растот на БДП од 3,4 проценти во последниот квартал лани и вкупниот раст за целата година од 3,6 проценти, ја надминува проектирата стапка од 3,5 проценти и покажува дека реализиравме исклучително позитивна година во економијата, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски.

Според него, економските и финансиските политики на Владата даваат резултат и го одржуваат трендот на стабилен раст на економијата. – Владата го презеде управување со државата во 2017 година од состојба на рецесија. За неполни 2,5 години направивме пресврт и денес зборуваме за континуиран и стабилен раст на економјата, рече Спасовски, на прес-конференција во Владата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска нагласи дека растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики, воден со стабилизирање на стапката на јавниот долг. Задолжувањето, потенцираше, е оправдано само ако е за инвестици. Порано јавниот долк бил брзорастечки а не продуцирал високи стапки на раст, а сега е стабилизран и економскиот раст е зголемен, наведе Ангеловска, потенцирајќи ја важноста на тоа што растот е широко базиран односно во сите сегменти во економијата, а во насока на тоа се и показателите и за годинава.

– Буџетот е стабилен и ликвиден. Добриот тренд на реалзиација продолжи и оваа година, во првиот квартал годинава имаме раст на даноците и придоенсите од 8,5 проценти, а потврда за добрата економска состојба добивме и од кртедиотната агенција Стандард и пурс која вчеравечер доцна го потврди кредитниот рејтинг, ББ- со стабилен изглед. Ова е уште еден добар сигнал дека економијата е на добар пат и доколку се продолжи со стабилните политики може да очекуваме и раст на кредитниот рејтинг, рече Ангеловска.

Од Владата велат дека потврда за политиките што ги водат е и бројките за стапката на невработеноста која според податоците што ги објави вчера ДСЗ е намалена на 16,6 отсто. За Ангеловска, особено е позитивно тоа што кај невранотеноста кај најмладата возрасна група од 15 до 24 години е значително намалена, за 13,8 проценти, и сега изнесува 35 проценти. Тоа е се уште високо, но работиме за натамошно намалување, наведе министерката за финансии, која во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената апелираше во државава да се искористат потенцијалите на висококвалитетниот женски кадар.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, растот што го збаалежа градешништвото покажува дека сите проекти се направени врз база на прецизни анализи и штитење на буџетот. Се градат патишта, се реалзира речиси целосно планот за економски раст, вклучувајќи го и Закинот за финансиска поддршка и мерките преку ФИТР. Исто ги третираме и домашните и странските инвеститори, веќе има 100 -ина копании поддржани од Владата кои имаат големо влијание во растот на економијата, рече Бектеши,

Земјоделството во вкупниот БДП, како што рече ресорниот министер Трајан Димковски, бележи растечко ниво и изнесува 3,8 отсто. – Овој податок е паказател дека земјоделството покажува нагорен тренд на зголемен извоз и производство. Како пример за тоа е извозот на земјоделско прехранбени производи кој бележи пораст од 14,5 отсто, што е највисока врендост досега, наведе Димковски.

Поврзани вести

Средба Заев – Азески: Предлозите на бизнис заедницата ќе се вметнат во партиската изборна програма

Никола Поповски

Ангеловска: Ковид-19 го забрзува растот на е-трговијата

СБ: Пандемијата е катастрофален удар за светската економија, кризата може да трае една деценија

Влатко Зорба