СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европски пазари: Инвеститорите претпазливи, индексите стагнираат

На европските берзи во вторникот наутро, цените на акциите забележаа благ пад, откако пораснаа претходниот ден, како резултат на најавите за заострување на рестриктивните мерки против коронавирусот во неколку европски земји.

Индексот STOXX 600 на водечките акции во Европа падна за 0,2 проценти во 9,30 часот, откако вчера оствари 0,7 проценти пораст.

Лондонскиот индекс FTSE утрово зајакна 0,40 проценти, на 6.597 поени, а парискиот CAC 0,05 проценти, на 5.590 поени. Франкфуртски DAX, пак, ослабе 0,05 проценти на 13.724 поени.

По вчерашниот значителен раст на пазарот, инвеститорите претпазливи се утрово бидејќи продолжува брзото ширење на коронавирусот во неколку европски земји.

Како резултат на тоа, Велика Британија и Германија најавија заострување на рестриктивните мерки, што може да го забави закрепнувањето на економиите.

Инвеститорите беа потресени и од силниот пад на цените на акциите на Волстрит на првиот ден од тргувањето во новата година. Дау Џонс вчера падна за 1,25 проценти, додека индексот Ес енд Пи 500 потона скоро за 1,5 процент, најголема дневна загуба од крајот на октомври.

Имено, американските инвеститори не се подготвени да ризикуваат во пресрет на важните избори за Сенатот во Џорџија, што ќе има решавачко влијание врз почетокот на мандатот на новоизбраниот претседател на Демократскиот претседател Џо Бајден.

Акциите на азиските берзи, исто така, утринава бележат благ пад, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските, падна за 0,05 проценти околу 9,30 часот и се лизна од рекордното високо ниво.

На берзата во Токио, пак, индексот Nikkei падна за 0,4 проценти, на 27.158 поени.

Поврзани вести

5G стартува масовно во Кина од 1 ноември

msp-admin

Тим Кук навести дека Apple влегува во проект за автономни автомобили

Влатко Зорба

Германија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата барем до 2025 година

Влатко Зорба