СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фејсбук отстрани 7 милиони постови со лажни информации за коронавирусот

Фејсбук во вторникот објави дека отстранила 7 милиони објави во второто тримесечје од оваа година за споделување лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и содржина за промовирање на лажни превентивни мерки и лекови, пренесе Ројтерс.

Социјалната мрежа ги објави податоците како дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност по критиките дека е блага во контролирањето на содржината на своите платформи.

Оттаму соопштија дека ќе поканат надворешни експерти самостојно да го разгледаат извештајот, почнувајќи од 2021 година.

Фејсбук отстрани околу 22,5 милиони објавувања со говор на омраза на својата апликација во вториот квартал од оваа година, што претставува зголемување од 9,6 милиони во првиот. Тој, исто така, избриша 8,7 милиони мислења поврзани со екстремистичките организации, во однос на 6,3 милиони во претходниот период.

Притоа, тој повеќе се потпираше на вештачката интелигенција во текот на април, мај и јуни бидејќи имало помалку вработени во канцелариите поради пандемијата на коронавирус.

Поврзани вести

Битиќи: Владата ќе го најде најдоброто решение за етничкото вработување

msp-admin

Хрватска фабрика за шеќер затвора врати по 114 ГОДИНИ работа

Влатко Зорба

Златна треска – знак дека светот е во неволја

msp-admin