СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тотал“ купи 20% од најголемата светска компанија за соларна енергија

Францускиот енергетски гигант „Тотал“ ќе плати 2,5 милијарди долари за 20% удел во „Адани Грин Енерџи“, најголемата светска компанија за соларна енергија, пишува „Волстрит журнал“.
Договорот означува уште еден обид на нафтениот гигант да ги прошири своите активности и да влезе во бизнисот со обновлива енергија.

„Тотал“ соопшти дека инвестицијата во индиската „Адани Грин Енерџи“ ќе и помогне на компанијата да ги постигне своите цели за производство на повеќе енергија од извори со ниско ниво на јаглерод во услови на глобална транзиција кон почиста енергија.

Компанијата, заедно со другите нафтени гиганти како „БП“ и „Ројал Холанд Шел“, ветија дека ќе ги зголемат инвестициите во обновлива енергија во обид да ги намалат емисиите на јаглерод. Француската компанија планира да потроши 30 милијарди долари годишно до 2030 година или околу 20% од годишниот буџет за инвестиции.

Договорот со „Адани“ дава целосна изложеност на водечкиот бизнис во обновлива енергија во Индија, една од земјите со најбрз раст во побарувачка на енергија.

„Адани“ поседува 54 ветерни и соларни проекти во земјата. Како дел од договорот, „Тотал“ исто така ќе добие 50% од акциите на портфолиото на соларни средства на „Адани“, како и место во бордот на компанијата. Целта на „Тотал“ е да има 35 гигавати капацитет за производство на чиста енергија до 2025 година.

Големите нафтени компании во последните години сè повеќе влегуваат во областа на обновлива енергија, очекувајќи пад на побарувачката за нафта. Договорот за „Тотал“ не е прв пат компанијата да инвестира во соларна енергија.

Во 2011 година, францускиот гигант се здоби со мнозински удел во американскиот производител на соларни панели „СанПауер“. Сепак, по неколку години загуби, „СанПауер“ го постави производството на панели во посебна компанија и се фокусираше на нивно инсталирање.

„Тотал“ останува акционер во двете деловни активности.

Поврзани вести

Петина од компаниите во Германија стравуваат за опстанок

Влатко Зорба

6G ќе ја замагли линијата помеѓу реалното и виртуелното

msp-admin

„Бритиш ервејс“ отпушта 350 пилоти, уште 300 се на чекање

msp-admin