СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на EasyJet: Побарувачката за патувања е во пораст, вакцинацијата е клучна

Британската нискобуџетната авиокомпанија EasyJet објави дека резервациите за летната сезона се зголемени повеќе од трипати во однос на минатата година, истакнувајќи ја потиснатата побарувачка што може да му помогне на секторот да закрепне од пандемијата на коронавирус.

Пандемијата сериозно го погоди секторот за воздушен транспорт во 2020 година и построгите блокади во Европа, затворањето на воздушните коридори и неизвесноста околу патувањето по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на зголемениот притисок на почетокот на 2021 година, објаснува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, Велика Британија започна да ги вакцинира граѓаните против ковид-19 и извршниот директор на EasyJet, Јохан Лундгрен, верува дека тоа ќе игра важна улога во закрепнувањето на патничкиот сектор.

Програмата за вакцинација во Велика Британија и Европа „несомнено е клучот за повторно отворање на патувањето“, рече Лундгрен во интервју за Би-Би-Си во понеделникот.

Во EasyJet, веќе забележуваат обновување на побарувачката. „Среќни сме што некои потрошувачи планираат летни одмори, летните резервации на „EasyJet“ се зголемија за 250 проценти во однос на истото време минатата година, а мај во моментов е најпопуларниот месец во резервациите за одмори“, рече Лундгрен.

„Ние знаеме дека побарувачката е всушност потисната, ние бевме сведоци на ова секогаш кога ќе се намалат ограничувањата и знаеме дека луѓето ќе сакаат да одат на одмор веднаш штом се појави можност“, нагласи тој.

Ова го зајакнува верувањето дека пазарот на патувања ќе се опорави по пандемијата, рече шефот на EasyJet, додавајќи дека превозникот е подготвен да го засили распоредот на летовите при првиот знак за подобрена доверба на патниците.

„Интегрален дел од процесот на градење доверба е тестот пред поаѓање за коронавирус, иако тестовите го попречуваат до одреден степен“, забележа Лундгрен.

Повеќето тестови чинат минимум 75 фунти, а на некои места и 150 фунти, што го прави летот значително поскап, објаснува тој.

„Ние би сакале да паднат цените (на тестовите)“, заклучува шефот на EasyJet.

Поврзани вести

Големиот победник од епидемијата со коронавирусот – игрите за мобилни телефони

msp-admin

Рекорден пад на невработеноста во САД во јуни

msp-admin

Кои се најзадолжените компании во светот?

msp-admin