СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Fortune“ ја објави годинешната листа „500 Global“ на најуспешните компании во светот

Магазинот „Fortune“ ја објави годинешната листа „500 Global“, на којашто се најдоа најуспешните компании во светот.

Во текот на минатата година, овие компании оствариле приходи од 33,3 илјади милијарди долари и профит од над две илјади милијарди долари. Во овие 500 компании се вработени околу 70 милиони луѓе.

На прво место е американската корпорација Walmart, додека кинеската државна нафтена групација „Sinopek“ е втора. Првата петорка ја заокружуваат: „State Grid“, „China National“ „Petroleum“ и „Royal Dutch Shell“.

Меѓу 10-те најуспешни, според Fortune, се и: „Saudi Aramco“, „Volkswagen“, „BP“, „Amazon“ и „Toyota Motors“.

„Walmart“ веќе 26 години е дел од оваа листа, а овојпат е прва благодарение на тоа што оствари приходи од 523.964.000.000 долари, а профитот се позиционираше на 14.881.000.000 долари или 123,1% повеќе во однос на претходната година.

Во првите 50 места има 12 кинески корпорации, меѓу нив четири банки.

Поврзани вести

Македонија 26-та во свет по извоз на грозје

msp-admin

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата e без основа

msp-admin

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани