Производителот на автомобили Ферари, контролиран од инвестициската компанија на семејството Ањели, „Екор НВ“, ги ревидираше годинашните приходи пред каматата, даноците и амортизацијата, и тие треба да изнесуваат помеѓу 1,075 и 1,125 милијарди евра, пренесува „Блумберг“.
Новите очекувања се совпаѓаат со прогнозата предвидена во мај, кога приходите се предвидени меѓу 1,05 и 1,2 милијарди евра, според „Блумберг“.
Одлуката на производителот на луксузни автомобили за прилагодување на опсегот покажува дека дури и еден од најважните светски брендови чувствуваат притисок поради пандемијата на коронавирус.
Ферари е убеден дека во втората половина од годината, благодарение на големите нарачки, ќе може да ги надомести парите, а тие се, покрај Тесла, еден од ретките производители на автомобили чии акции пораснаа оваа година.
Италијанската компанија, која ги плати во целост вработените за време на затворањето, како резултат на кризата со коронавирус, оствари продажба од 571 милиони евра, во однос на проценката од 574,4 милиони за вториот квартал. Нето приходот беше девет милиони евра, што е скоро четири пати повеќе од 2,3 милиони, како што предвидуваат аналитичарите.