„Губењето на активноста во овој квартал беше обележано со заклучување што е на сила од крајот на октомври – средината на декември и полицискиот час воспоставен во текот на месеците од октомври до декември“, соопшти француската национална агенција за статистика.
Француската економија, под влијание на панемијата на коронавирус (КОВИД-19), забележа пад од 5,8 проценти во првиот квартал од оваа година, што е најголем пад од Втората светска војна. Според Националниот институт за статистика (ИНСЕЕ), бруто домашниот производ (БДП) во Франција во првиот квартал од оваа година се намали за 5,8 проценти во споредба со претходниот квартал, додека економските експерти очекуваа пад од 3,5 проценти.
Француската економија забележа пад од 0,1 процент во последниот квартал од минатата година, што значи дека втората по големина европска економија сега технички влезе во рецесија, односно доживеа економски пад во текот на два квартала.
ИНСЕЕ изјави дека ограничувањето на бројни економски активности од средината на март со цел да се спречи ширењето на пандемијата предизвика пад на БДП.
Меѓународниот монетарен фонд предвидува длабока глобална рецесија поради пандемијата Ковид 19, со очекувања дека глобалните економии ќе паднат за 4,4 проценти.