СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Франција најавува историски план од осум милијарди евра за автоиндустријата

Францускиот претседател, Емануел Макрон претстави историски план за помош од осум милијарди евра на производителите на автомобили, погодени од последиците од пандемијата и за нејзина модернизација така што државата ќе стане лидер во производството на електрични автомобили.

“Државата ќе даде нешто повеќе од осум милијарди евра за автомобилскиот сектор. Целта ни е Франција да стане првата европска земја во производството на ‘чисти автомобили’ во наредните пет години, со повеќе од еден милион електрични и хибридни автомобили годишно“, рече Макрон за време на посетата на фабриката за делови за автомобили Valeo.

За да го поттикне купувањето автомобили што опадна за време на пандемијата, Макрон најави зголемување на еколошки субвенции за набавка на електрични возила на 7.000 евра за граѓаните и 5.000 евра за компаниите, како и субвенција од 2.000 евра за хибридни возила. Планирани се и субвенции за купување на електрично возило по системот старо за ново.

Поврзани вести

Volocopter сака одобрување за управување со летачки такси во САД

Влатко Зорба

Google се откажува од колачињата во Chrome

msp-admin

Амстердам го надмина Лондон по прометот на берзите

Влатко Зорба