СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Извозот на сладолед лани ни донесе над седум милиони долари

Извозот на сладолед во светот минатата година достигна вредност од 4,14 милијарди долари, а Македонија е 46-та со извоз од 7.294.000 долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на сладолед од земјава на странски пазари лани е намален за 7,2% во споредба со 2018 година.

Најголеми извозници на сладолед во светот минатата година беа Франција со 556,9 милиони долари и Германија со 555,7 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на сладолед се најдоа и: Белгија (423 милиони долари), Холандија (315 милиони долари) и САД (250 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко котира Србија (17-то место) со извезен сладолед во вредност од 50,6 милиони долари. Потоа следуваат Грција (29,7 милиони долари) и Хрватска (24,3 милиони долари).

Поврзани вести

Повеќе од 30 домашни и странски експерти кои ќе го пренесат своето искуство на третата годишна конференција за е-трговија

msp-admin

Apple купува најмногу стартапи за вештачка интелигенција

Влатко Зорба

Повеќе од 130 земји се согласија за глобална даночна реформа

msp-admin