СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Геополитичките тензии и новиот локдаун ги зголеми цените на нафтата: ОПЕК+ размислува за помало производство

Цените на нафтата денес се зголемија за околу еден долар, поттикнати од намалените тензии околу иранската заплена на јужнокорејскиот брод и веста дека групата ОПЕК + размислува за можно намалување на производството на нафта во февруари.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за испорака во март се зголемија за 96 центи на 52,05 долари за барел при тргување во 12:06 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта „ВТИ“ за испорака во февруари се тргуваше по 48,53 долари за барел или 91 цент повеќе од вчера, пренесува Ројтерс.

И двата вида нафта паднаа за повеќе од 1 процент во понеделникот, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, позната како група ОПЕК +, не успеаја да се договорат за производството во февруари.

Саудиска Арабија беше против зголемена екстракција поради новите ограничувачки мерки во многу земји, кои веројатно ќе влијаат на намалувањето на побарувачката, додека Русија се залагаше за зголемување на производството, повикувајќи се на закрепнување на потрошувачката.

Според документот на ОПЕК од 4 јануари, до кој Ројтерс имаше пристап, групата размислува да го намали производството за 500.000 барели дневно (bpd) за февруари, но исто така и други сценарија, вклучително и одржување на постојното ниво на пумпање или зголемување за 500.000 bpd на ден.

Постои тензија меѓу членките на ОПЕК поради иранската заплена на јужнокорејскиот брод, а Техеран го оправдува тој потег тврдејќи дека оваа азиска земја и должи 7 милијарди долари.

Фактот што Англија започна нова блокада денес поради растот на случаи со коронавирус, секако ќе има влијание врз одлуката што ОПЕК + ќе ја донесе за производство на „црното злато“ во февруари, бидејќи британскиот локдаун ќе има импликации врз побарувачката на гориво, заклучува Ројтерс.

Поврзани вести

Каде има најмногу слободни работни места?

msp-admin

Хуавеј е прогласен од Gartner Peer Insights за избор на купувачите за 2020 за Центарот за податоци и клауд мрежи кој доби највисоки оценки

Stefanija Kuzmanovska

„Џонсон и Џонсон“ добија милијарда долари за вакцина од владата на САД

msp-admin