Германската влада ја зголеми проценката за економски раст оваа година од 3 на 3,5 проценти благодарение на неочекувано добрите резултати во последниот квартал од минатата година, изјави денес неименуван извор.
Во 2022 година, според изворот, во Берлин проценуваат дека економијата треба да порасне за 3,6 проценти.
Министерството за економија одби да ги коментира информациите. Владата треба да ги претстави своите прогнози во вторник.
Водечките германски економски институти на почетокот на овој месец проценија дека најголемата економија во Европа ќе порасне 3,7 проценти оваа година и 3,9 проценти во 2022 година.
Очекувањата на германските бизнисмени само малку се подобрија во април, ослабени од третиот бран на пандемијата Ковид-19 и недостигот на полупроводници во автомобилскиот сектор, покажа денес студијата на Институтот „Ифо“.
Извозно-ориентираната индустрија моментално се одвива добро благодарение на зголемената побарувачка од Кина и САД, додека услужниот сектор, насочен кон домашниот пазар, е попречен од построгите ограничувања наметнати за спречување на третиот бран на пандемијата Ковид-19.