СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германско трио ја престигнува Tesla: Светот ќе ги купува овие електрични возила?

BMW, Daimler и Volkswagen ја зголемија тројно продажбата на електрични возила минатата година, на скоро 600.000 примероци, соопштија компаниите, „исфрлувајќи ја на тој начин Tesla од Европа“, бидејќи брзаа да ги исполнат новите цели за намалување на СО2.

Од 5,3 милиони автомобили испорачани од VW минатата година, 212,000 беа на батерии или хибридни возила, што е раст од 158% во споредба со 2019 година. Од тоа, 159,000 беа продадени во Европа, каде производителите се соочуваат со стотици милиони евра казни ако не успеат да ги намалат емисиите на СО2.

Само Volkswagen продаде 117.000 чисто електрични возила на Стариот континент, додека пратките на Tesla беа вкупно 96.000 во 2020 година, според податоците собрани од автомобилскиот аналитичар Матијас Шмит.

Групата BMW, која ги поседува брендовите Mini и Rolls-Royce, вели дека од 2,3 милиони продадени автомобили ширум светот во 2020 година, скоро 193.000 се електронски, што е раст од скоро 32% во однос на 2019 година.

Во Европа, возилата со батерија или хибридни BMW учествуваа со 15% во вкупната продажба, и така компанијата со седиште во Минхен ги исполни своите цели наложени од ЕУ.

Ривалот Daimler минатата недела рече дека исто така ги исполнил целите на СО2 за повеќе од тројно зголемената продажба на електрични и хибридни автомобили Mercedes, што е за 160.000 повеќе од продажбата од 2,2 милиони во 2020 година.

Компанијата во тој период продаде и 27.000 електрични паметни автомобили. Групата Volkswagen, чии брендови се Audi, Porsche и Seat, сè уште нема потврдено дали ги исполнува стандардите на ЕУ.

Сепак, раководните лица минатиот месец изјавија дека компанијата е близу до тоа, делумно благодарение на задоцнетото зголемување на продажбата на ID.3. Моделот беше лансиран едвај во септември, откако софтверските грешки предизвикаа значителни доцнења во производството.

Овој модел е продаден дури 56.500 пати во 2020 година.

Продажбата на електрични автомобили во Германија се интензивираше поради одлуката на Берлин да ги удвои субвенциите за набавка на тие возила, овозможувајќи им на клиентите да заштедат 9.000 евра, по малопродажна цена.

Во декември, за прв пат досега, уделот на пазарот на електрични и хибридни автомобили во земјата го надмина учеството на дизел моторите, според податоците на Федералната управа за патен транспорт.

Поврзани вести

Honda Legend: Во продажба првиот делумно автономен автомобил

Влатко Зорба

Зелените коридори го забрзуваат протокот на стоки во услови на коронакризата

msp-admin

5Г технологија носи иновации какви што досега немаме видено

msp-admin