СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Голем пораст на бројот на станици за полнење на е-возила во Германија до 2030 година

Бројот на јавни станици за полнење електрични возила (ЕВ) во Германија може да скокне за повеќе од 10 пати, а вредноста на тој пазар за продажба на електрична енергија може да се зголеми за дури 23 проценти до 2030 година, објави истражувачката компанија „Бостон консалтинг груп“ (БЦГ).

Во обид да се намалат емисиите од транспортниот сектор со поттикнување на употребата на електрични возила, ланскиот ноември беше лансиран планот за поддршка на продажбата на тие автомобили и поврзаната опрема во вредност од три милијарди евра, објави Ројтерс.

Во моментов, во оваа земја има на располагање околу 35.000 станици за електрично полнење за корисници на електрични возила, кои покрај домашните полначи и работните места, бараат и јавни капацитети, според БЦГ, во делот посветен на Германија во паневропска студија за овој сектор.

Продажбата на електрична енергија на приватни и јавни станици за полнење на електрични возила во моментов се движи од 300 до 500 милиони евра годишно.

До 2030 година бројот на постројки за полнење може да се зголеми на 400.000, а годишната продажба да достигне вредност од седум милијарди евра, вели Кристијан Вагенер, еден од авторите на студијата.

„Пазар од милијарда евра се раѓа со привлечни можности за раст“, ​​рече Вагнер.

Поврзани вести

„Адидас“ го продава „Рибок“

Влатко Зорба

За купен луксузен апартман гратис Aston Martin од 200.000 долари

msp-admin

Италија планира „замрзнување“ на обврските за плаќање сметки, даноци и хипотеки

msp-admin