СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закрепнувањето на пазарот на трудот во Велика Британија извесен за сите, освен за младите

Во Велика Британија, бројот на вработени падна за 56.000 само во март годинава. Стапката на невработеност го достигна својот врв од 4,9 проценти во првиот квартал од оваа година, додека дури 80.000 луѓе станаа економски неактивни, односно престанаа да бараат работа, објави Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија (ОНС), пренесе „Блумберг“.

Овие бројки, според изданието, укажуваат на големите економски последици од три последователни „затворања“ на земјата поради пандемијата, што ги принуди повеќето угостители да отпуштаат вработени и да ја прекинат работата.

„Продолжувањето на кризата е најголемиот проблем за младите“, рече Тони Вилсон, директор на Институтот за истражување на вработувањето.

„Долгорочната невработеност кај младите го достигна својот петгодишен максимум во изминатите неколку дена. Загрижувачки е и тоа што вработувањето кај младите продолжува да опаѓа, додека во сите други возрасни категории веќе има мало зголемување на вработеноста“.

Тврдењата на Вилсон се поткрепени со неодамна објавените истражувања кои сугерираат дека компаниите, откако мерките се олабавени, повторно почнале да вработуваат. ОНС објави дека бројот на слободни работни места скокнал за 16% само во март, на 650.000 работни места, што може да доведе до стапка на раст на вработеноста во следните месеци.

„Во последните месеци, пазарот на трудот беше во голема мерка стабилен по големиот шок минатата пролет“, рече Дарен Морган, директор за економска статистика во канцеларијата за национална статистика на Велика Британија. „Во март имаше значително зголемување на бројот на слободни работни места, особено кога станува збор за угостителството и здравствениот сектор.

Продавниците и рестораните започнаа да се отвораат претходно овој месец. Вработувањето падна за 73.000 во февруари, помалку од половина од 145.000 пад на работните места што го предвидоа економистите. На крајот на февруари оваа година, 4,65 милиони луѓе имаа работа, што е драстично помалку од 8,8 милиони од почетокот на пандемијата во април 2020 година.

Министерството за финансии и Банката на Англија предвидуваат брзо закрепнување од најтешката рецесија за Велика Британија во последните три века веќе во средината на годината, кога ќе престанат да важат повеќето правила за „локдаун“.

Поврзани вести

Во С. Македонија испратени 200 милиони евра лични трансфери од земјите во ЕУ

msp-admin

Грција преговара со Фолксваген за производство на електрични возила

msp-admin

Јунајтед Груп ги презема бугарските оператори Нет1 и Комнет Софија

Влатко Зорба