СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Gorenje отпуштa 2.200 работници поради корона кризата

Словенскиот производител уреди за домаќинство Gorenje ќе отпушти 2,2 илјади вработени заради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус, објави денеска Радиотелевизија Словенија (РТС).

Gorenje се одлучи за отпуштања на вонредниот состанок на одбор во средата, наведувајќи дека паѓа побарувачката поради пандемијата.

Од вкупно 2,2 илјади отпуштања, илјада ќе бидат во Словенија, а остатокот ќе бидат во филијали во други земји, открива претставникот на синдикатот на Gorenje Жан Жеба.

Минатиот април, во компанијата работеа вкупно 9,3 илјади луѓе, пренесува РТС.

Gorenje е еден од најголемите словенечки извозници, со фабрики во Србија и Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземан кинеската компанија Хисенсе.

Поврзани вести

Доаѓа зима и нема седење надвор – како рестораните ќе ја „преживеат“ кризата?

msp-admin

Goldman Sachs: Вакцината ќе биде одобрена до крајот на годината

msp-admin

Си Џинпинг прогласи „победа над сиромаштијата“ во Кина

Влатко Зорба