СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Горивата по исти цени и оваа недела

Горивата и оваа недела ќе се продаваат по иста цена како и минатата недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, литар Еуросупер БС – 95 и неделава ќе чини 60,50 денари за литар, додека 62,50 денари ќе се продава литар Еуросупер БС – 98.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,666 ден/кг.

Поврзани вести

Шефот на VW: Не се плашам од Apple

Влатко Зорба

Трамп забрани трансакции со „ТикТок“ и „Вичет“ во САД (ВИДЕО)

msp-admin

Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра: Ќе се отворат маркети во Скопје и во уште седум градови

Влатко Зорба