СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гугл го потцени гласот на своите работнички: Сега треба да плати повеќе од 2,5 милиони долари

Гугл е мета на критики веќе подолго време заради променетиот начин на деловно работење, поточно порано беше рај за вработените, а сега се помалку го следи тој статус

Покрај проверката на е-поштата на работниците за откривање на „кртици“, технолошкиот гигант е обвинет и за дискриминација на жени, а компанијата само што постигна договор да плати 2,6 милиони долари за повеќе од 5.500 вработени, како и да плати за поранешна работа на кандидати.

Обвинението се однесува на дискриминација на платите на жените инженери и Азијки во Калифорнија и државата Вашингтон. Со тоа затвора четиригодишен случај инициран од Министерството за труд, како дел од неговите периодични контроли во праксата.

Контролата следеше откако американската компанија беше обвинета дека меѓу 2014 и 2017 година, таа плаќала помалку на жените инженери отколку на нејзините машки колеги, вработени на слични позиции.

Гугл се согласи да плати 1,4 милиони долари разлики во платите, со камата, за 2.565 вработени жени инженери, поради дискриминација на нивните плати во споредба со нивните машки колеги, како и 1,2 милиони долари за 1.757 регистрирани жени и 1.219 азиски кандидати, кои тврдат дека биле дискриминирани при нивниот избор за работни места во професијата.

Според компанијата, тие ќе издвојат најмалку 1,25 милиони долари од својата резерва со цел да ги изедначат платите на овие експерти во наредните години, во неколку американски подружници.

Поврзани вести

Грчкиот туризам ќе помине пет пати полошо од економската криза во 2008 година

msp-admin

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

msp-admin

200 европски аеродроми пропаѓаат, 280.000 работни места доведени во прашање

msp-admin