СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хакиран производителот на видео игри Electronic Arts, украден изворниот код за FIFA 21

Производителот и издавач на видео игри, американската компанија Electronic Arts (EA Games), беше хакиран, а со тој напад, хакерите украдоа околу 780 GB податоци, објави Vice.

Напаѓачите тврдат дека го преземале изворниот код за FIFA 21 и изворниот код и алатките за енџинот FrostBite, моќна алатка за дизајн на игри што се користи во многу игри, како и други внатрешни алатки на компанијата.

ЕА потврди дека е нападнат и дека се води истрага, како и дека за ова ги известиле надлежните институции. Портпарол на компанијата изјави дека напаѓачите не пристапиле до податоците за играчите и дека немаат причина да веруваат дека нивната приватност е загрозена. Тој исто така рече дека компанијата не очекува нападот да има влијание врз нивните игри или деловна активност. Компанијата истакна дека упадот во мрежата не бил напад за откуп.

ЕА е еден од најголемите креатори на видео игри во светот што стои зад видео игри како што се „Бојно поле“, „Војна на Sвездите“, „Симс“ и „Тајтан фол“, како и голем број спортски видео игри

Vice виделе скриншоти на објавите на хакерските форуми кои сега нудат на продажба 780 GB податоци украдени од ЕА. Тие рекоа дека за продажбата ќе разговараат само со сериозни, респектабилни членови на форумот.

Изворниот код за енџинот FrostBite е од голема вредност и може да биде од интерес за програмерите кои сакаат да го копираат или за оние кои прават измами и хакери за игри. Сепак, тешко дека некој од конкурентите на ЕА некогаш би ги користел украдените информации.

Поврзани вести

Дури и најсилната европска економија не е отпорна на короната, загрозени 15% од компаниите

msp-admin

Црногорската влада купи два авиона за новата авиокомпанија

Влатко Зорба

НЛБ Банка за шест месеци прокнижи 705,3 милиони денари добивка

msp-admin