Кинескиот технолошки гигант Huawei се соочува со недостиг на чипови за процесорите на паметни телефони поради санкциите на САД и ќе биде принуден да го прекине производството на своите најнапредни чипови, изјави еден од директорите на компанијата, Ричард Ју.
Според него, производството на чипот „Кирин“, кој е дизајниран од Huawei, ќе биде запрено на 15 септември, затоа што американската технологија е неопходна за нивно производство.
Тој додаде дека компанијата не е во состојба да направи свои чипови.
„За нас е голема загуба. Овогодинешната генерација „Кирин“ чипови на Huawei би можела да биде последна“, рече Ју, пренесува АП.
Huawei Technologies, еден од најголемите производители на паметни телефони и мрежна опрема, се најде во центарот на тензиите меѓу САД и Кина во врска со безбедноста и технологијата, во која спаѓа и кинеската апликација TikTok.
Вашингтон спречи Huawei да има пристап до компонентите направени во САД, како услуги за мобилни телефони, како што е „Google music“.
Санкциите беа укинати во мај, кога Белата куќа им забрани на снабдувачите ширум светот да користат американска технологија во производството на компоненти за Huawei.