СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

И официјално заврши блокадата на Суецкиот канал

Сите бродови кои беа заглавени откако огромниот товарен брод „Евер Гивен“ се заглави во Суецкиот канал во март, поминаа низ каналот во саботата, со што официјално заврши блокадата, објави управата на каналот.

Последните бродови, 61 од 422 кои чекаа на ред кога „Евер Гивен“ беше „одглавен“ во понеделникот, денеска поминаа низ виталната трговска артерија, објави Управата на Суецкиот канал (СЦА), пренесе Ројтерс.

Меѓународниот синџир на снабдување се распадна кога 400-метарскиот „Евер Гиван“ се насука на брегот на каналот на 23 март, а на специјалните спасувачки екипи им требаше скоро една недела за да го ослободат.

Истрагата на СЦА започна во средата за тоа што предизвикало бродот да се насука во каналот и да го блокира водниот пат шест дена, изјави претседателот на Управниот одбор на каналот, Осама Раби за приватната TV MBC Masr доцна во петокот.

„Истрагата се одвива добро и ќе трае уште два дена, а потоа ќе ги објавиме резултатите“, додаде тој.

Поврзани вести

Vodafone Германија е прв европски оператор кој лансираше самостојна 5G мрежа

Европските и американските потрошувачи сакаат да купат електрично возило, проблем е цената

Влатко Зорба

Повеќе од 100.000 картички се во оптек и со нив се купуваат македонски производи

msp-admin