СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Инсталирани рекорден број нови капацитети за производство на ОИЕ

Рекордни 260 гигавати (GW) нов капацитет за обновлива енергија беше инсталиран ширум светот во 2020 година, и покрај влијанието на пандемијата „КОВИД-19“, според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА).

ИРЕНА во извештајот „Статистика за обновлив капацитет 2021“. објави дека во 2020 година се инсталирани нови капацитети за производство на обновливи извори на енергија, скоро 50 проценти повисоки од оние чија работа започна во 2019 година.

Уделот на обновлива енергија во сите нови производствени капацитети значително се зголемува втора година по ред, додава агенцијата. Така, повеќе од 80 проценти од сите нови електрани инсталирани минатата година произведуваат енергија од обновливи извори, во кои доминираат сончевата и ветерната енергија.

Новите соларни инсталации беа 127 GW и употребата на ветерна енергија 111 GW, се вели во извештајот.

Лидер во лансирање на централи за обновлива енергија е Кина, која минатата година инсталираше 136 GW од обновливи извори. САД инсталираа 29 GW, скоро 80 ​​проценти повеќе отколку во 2019 година.

ИРЕНА верува дека зголемениот удел на обновливи извори на енергија може делумно да се припише на забавувањето на градењето капацитети од фосилни горива во Европа, Северна Америка и за прв пат низ цела Евроазија. Вкупно 60 GW вакви постројки беа инсталирани минатата година, наспроти 64GW пред неа.

Податоците на ИРЕНА покажуваат дека на крајот на 2020 година, глобалниот капацитет на обновлива енергија бил 2799 GW, а најголем удел (1211 GW) имаше хидроенергијата.

Поврзани вести

Црна Гора воведува значки за вакцинирани угостители?

Влатко Зорба

Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра: Ќе се отворат маркети во Скопје и во уште седум градови

Влатко Зорба

„TikTok“ го тужи Трамп

msp-admin