СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Преговараме за инвестиции од три милијарди евра, тврди Заев

Странските инвестиции продолжуваат во државата, преговараме за инвестиции вредни три милијарди евра, а Владата ќе поддржи уште 40 нови домашни инвестиции со Законот за финансиска поддршка, во вредност од 20 милиони евра, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

За инвестиции од 300 милиони евра со Законот за стратешки инвестици, информира, се формирани четири комитети соодветно за инвестиции за кои разговараме. Во тек се постапки за нови инвестиции за фотоволтаици од 100 мегавати кои верувам дека кога завршува постапката ќе бидат отворени до крајот на октомври или ноември. Подигнати се 56 документации за Чебрен и Галиште, разговараме за наши инвестици во новата централа во Грција, Алксандрополис. Во државата се отворени преговори за инвестици заради тоа што тргнавме во засилена економска дипломатија на највисоко ниво поставени структури во Владата, министрите и јас, за инвестиции во производствени капацитети, рече Заев.

Се разговара, како што дополни, и со 10 турски компании за индустриската зона Гевгелија која е исто дел од ТИРЗ-овите, а неколку активности веќе се договорени во зоната Визбегово и во индустриските зони во градовите низ дражавата.

-Мислиме дека овој период ако некаде не можеме комплетно да ги реализираме плановите со старт на градба на фабрика или почеток на градба барем да ги постигнеме договорите, рече Заев.

Тој најави дека денеска Владата ќе објави поддршка на повеќе од 40 нови домашни инвестиции преку Законот за финансискка поддршка. Тоа се нови 40 инвестици со вредност од над 20 милиони евра, директна инвестиција од самите компании, а државата ќе ги поддржи, посочи Заев при увидот за изградба на инфраструктурата во ТИРЗ Скопје 2.

Поврзани вести

Британија подготви уште 5 милијарди фунти помош за компаниите

Влатко Зорба

Apple купува најмногу стартапи за вештачка интелигенција

Влатко Зорба

Полнолетен Македонец пие скоро два литри вино годишно

msp-admin