СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија значително го зголеми увозот на руски гас

Германија во февруари увезла 63 проценти повеќе руски гас отколку во февруари минатата година, според податоците на руската федерална царина, пренесени од руските медиуми во вторникот.

Германскиот увоз на руски гас преку гасоводот во февруари изнесуваше 4,6 милијарди кубни метри.

Во споредба со јануари, снабдувањето со руски гас во Германија се зголеми за 13,4 проценти.

Германија одамна е европски лидер во набавките на руски гас.

Руските податоци, исто така, покажуваат раст на годишно ниво на извоз во Србија (за 52,3 проценти), Грција (36 проценти), Бугарија (32,2 проценти) и Унгарија (33 проценти).

Во исто време, Италија, Австрија и Франција го намалија купувањето руски гас за 77, 25 и 18 проценти, соодветно.

Поврзани вести

Huawei ќе гради 5G фабрика во Европа

msp-admin

„Finance Think“: Законот за буџети да се доработи

msp-admin

Извршниот директор на Ериксон лобирал Шведска да ја повлече забраната за „Хуавеи“

Влатко Зорба