СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Jaguar ќе произведува само електрични автомобили од 2025 година

Под водство на својот нов извршен директор, Jaguar Land Rover (JLR) откри планови за електрификација на сите свои модели, според Блумберг. Луксузната марка за автомобили планира да се откаже од моторите со внатрешно согорување за само четири години.

JLR, сопственост на индиската Tata Motors, ќе инвестира околу 3,5 милијарди долари годишно во електрификација и сродни технологии, соопшти компанијата во понеделникот. Линијата Land Rover ќе го има својот прв целосно електричен модел во 2024 година, а до следната година сите модели на Jaguar ќе бидат целосно напојувани од батерии.

Ова е уште една промена во автомобилската индустрија поради построгите правила за штетни емисии. Голем број производители на автомобили, од германскиот гигант Volkswagen AG до помалиот конкурент на Jaguar – Lotus Cars, исто така најавија планови за електрификација на нивните модели. Причината е што владите ја зголемуваат финансиската поддршка за електричните автомобили и воведуваат правила за ограничување на бензинските автомобили.

Во последните неколку години, JLR имаше ограничен успех во продажбата на електрични автомобили. Компанијата воведе plug-in хибридни модели, вклучувајќи ги Range Rover Sport и новиот Defender, но единственото целосно електрично возило е SUV I-Pace, кој се појави во продажба во 2018 година.

Производителот не ги почитуваше построгите европски правила за јаглерод диоксид минатата година и ќе мора да плати 35 милиони фунти казни. Велика Британија ќе забрани продажба на бензински и дизел автомобили од 2030 година, ставајќи дополнителен притисок врз производителите на автомобили.

JLR ќе претстави шест целосно електрични варијанти на Land Rover во следните пет години. До 2030 година, компанијата очекува сите свои модели на Jaguar и 60% од продадените Land Rovers да бидат возила со нулта емисија.

Иако JLR ќе ги задржи своите производствени капацитети, компанијата ќе намали и модернизира значителен дел од својата не-производна инфраструктура во Велика Британија. JLR, исто така, објави дека бара нови можности за кои ќе може да ги искористи своите погони во Англија во Castle Bromwich, кои произведуваат седани XE и XF, како и спортски автомобил F-Type.

Поврзани вести

Завршено! Stellantis – четврти во светот

Влатко Зорба

Девет членки на ЕУ до Европската комисија: Одредете рок за забрана за бензински и дизел возила

Влатко Зорба

За секои 1 милион патници кои патуваат преку еден аеродром, се создаваат 3.000 нови работни места

msp-admin