СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Јунајтед Груп ги презема бугарските оператори Нет1 и Комнет Софија

Јунајтед Груп (УГ), водечки оператор за телекомуникации и медиуми во Југоисточна Европа, соопшти дека постигнале договор за преземање на 100 проценти од капиталот на бугарските оператори Нет1 и КомНет Софија.

Договорот за преземање претставува дополнителна аквизиција на ВИВАКОМ, бугарскиот оператор на Јунајтед Груп, се вели во соопштението.

Во рамките на Јунајтед Група, компанијата СББ и нејзините услуги ЕОН и Тотал ТВ работат во Србија, а медиумската содржина ја емитуваат телевизиите и порталите Спорт Клуб, Нова С и Н1.

Нет1 е меѓу водечките оператори во областа Софија, обезбедува услуги на Интернет и телевизија, како и интегрирани телекомуникациски решенија за деловни клиенти, вклучувајќи услуги како што се ИТ поддршка, телефонија и видео надзор, се вели во соопштението.

КомНет Софија е телекомуникациски оператор кој обезбедува нови генерации Интернет и телевизиски услуги со сопствена оптичка мрежа (FTTB), додаде УГ.

„Договорот, кој е предмет на сите потребни регулаторни одобрувања, дополнително ќе ја зајакне пазарната позиција на Јунајтед Груп во Бугарија како врвен телекомуникациски оператор и лидер во обезбедување висококвалитетни иновативни Интернет и телевизиски услуги. Трансакцијата се очекува да заврши во вториот квартал од 2021 година“, се наведува во соопштението на УГ.

Јунајтед Груп потсетува дека на бугарскиот пазар влезе во 2020 година со преземање на ВИВАКОМ, најголемиот телекомуникациски оператор во земјата. Во јануари годинава, Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска компанија Нова БродкастингГруп и објави дека постигнал договор за преземање на бугарската новинска компанија Весник телеграф ЕООД.

Поврзани вести

САД: Отворени 1,8 милиони нови работни места во јули

msp-admin

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin

Дејвид Бекам инвестира во лондонски старт-ап

msp-admin