20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинески аеродром стана НАЈПРОМЕТЕН во светот за време на пандемијата

Меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта ја загуби титулата најпрометен на светот по 23 години.

Аеродромот во Атланта беше втор на списокот во 2020 година, додека титулата за најфреквентен аеродром во светот ја презеде меѓународниот аеродром Гуангжу Бајун во Кина.

Овој аеродром направи значителен напредок во споредба со 11-тата позиција што ја имаше во 2019 година.

Во текот на изминатата година има драматични промени на списокот поради ограничувањата наметнати од панемијата на коронавирус, што продолжува да го отежнува патувањето низ целиот свет.

Аеродромот во Гуангжу имал 43,8 милиони патници во 2020 година, што е за 40 проценти помалку отколку во 2019 година, додека аеродромот во Атланта има 42,9 милиони патници, што е пад од 61 процент.

Губењето на првото место на списокот на најпрометни аеродроми во светот се очекува да биде само привремено за Атланта, бидејќи состојбата во светот се подобрува.

Дури седум кинески аеродроми се во топ 10 најпрометни аеродроми во светот.

Поврзани вести

„Тeсла“ се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година

Заев за барањата на текстилниот Кластер за зголемување на работното време за половина час: Тоа мора да биде екстра платено

msp-admin

Џејмс Хоган и помага на Црна Гора во воспоставувањето нова авиокомпанија

Влатко Зорба