СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трговската размена меѓу Русија и ЕУ намалена за петтина во 2020 година

Обемот на трговија меѓу Русија и Европската унија минатата година падна за петтина, на 219 милијарди долари, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

„Прометот во трговијата со Европската унија, ако се земе предвид и Обединетото Кралство, се намали за 21 процент во 2020 година во споредба со 2019 година“, рече Грушко на тркалезната маса во Државната дума под наслов „Русија-Европа: реалности и перспективи“, пренесе „РТ“.

Според него, таа бројка во најдобрите периоди од 2013 година изнесувала 417 милијарди долари, и дека според важноста во вкупната надворешно-трговска размена на ЕУ, Русија била „во највисоката лига“.

Трговските и деловните односи меѓу Русија и ЕУ се влошија во 2014 година, кога Брисел воведе санкции за Москва поради настаните во Украина. Москва одговори со контрасанкции, забранувајќи европски производи и започнувајќи програма за замена на европскиот увоз, потсетува РТ.

Бизнисмените и некои политичари од европските земји постојано бараа да се укинат санкциите, бидејќи тие станаа главна пречка за деловниот и економскиот раст.

Поврзани вести

Фирми и поединци на УЈП ѝ должат 9,6 милијарди денари

msp-admin

Ако постојано ги искусувате овие 5 ситуации на работа, тоа значи дека сте „жртва на психичко насилство“

msp-admin

Најпродаваните смартфони за 2019 година главно се од Apple и Samsung (инфографик)

msp-admin